Најнови бројки од Италија: За 24 часа се заразиле повеќе од 3400 лица, благ пад во бројот на починатите

од Nikola Popovski

Претставници на италијанската Цивилна заштита го објавија најновиот број на заразени лица во земјата.

Тие изјавиле дека денес се регистрирани уште 3.491 заразени лица (вчера имало 3.612), 683 лица починале во последните 24 часа (вчера 743), а 1.036 лица се опоравиле.

Тие исто така објавија дека 31 лекар починале денес од коронавирусот во Италија, што претставува голем удар врз нивниот здравствен систем, кој е на работ да колабрира.

Италија е дефинитивно најтешко погодената земја, со вкупно 74.386 заразени, 7.503 починати, додека 9.362 се опоравиле од коронавирусот.

Најцрниот рекорд е регистриран на 21 март кога 793 лица ги загубиле животите.

Слични содржини