Компанијата Toyota ја претстави третата генерација хуманоидни роботи T-HR3 кои синхронизирано ги следат човечките движења.

Роботот T-HR е висок 154 cm и тежок 75 kg, а развиен е за да им помага на луѓето во домаќинството, медицински установи, при катастрофи и во вселената.
Човекот може да го контролира целото роботско тело со користење MMS систем (Master Maneuvering System), кој е составен од 16 серво модули во столица, сензори за движење и сила во стапалата, а има уште 29 модули во роботското тело.
Роботот може да се движи во многу насоки, а може да одржува и рамнотежа. Силата исто така може да се контролира.
Роботот T-HR3 ќе биде изложен на Меѓународната изложба на роботи во Токио која трае од 29 ноември до 2 декември.