Жон Жаиро Веласкез Васкез, познат како Попај, бил еден од најозлогласените убијци на нарко босот Пабло Ескобар – за него вршел многу „валкани работи“, како што се организацијата на атентатот на колумбискиот претседател и дури соборување на патнички авион.

Попај своевремено признал дека убил 300 луѓе и наредил ликвидација на 3 илјади додека работел за Ескобар во 80-тите години од минатиот век. Тој поминал само 22 години во затвор и на слобода излегол во 2014-та година. Често открива детали од својот живот, а сега откри досега непознати детали од соборувањето на патничкиот авион во 1989-та година.
Авионот на компанијата „Авианка“ летал од Богота до Кали, по што загинале сите 107 патници и членови на екипажот, а уште три лица настрадале долу на земја. Тогашниот колумбиски претседател Сезар Гавириа требало да биде на тој лет, но шефот на неговото обезбедување бил загрижен, па се откажале во последен момент.
Гавириа бил голем непријател на Ескобар, затоа што дозволил колумбиските нарко босови да се екстрадираат во Соединетите Американски Држави од каде што не можеле да побегнат, ниту пак да живеат луксузно како што тоа го правеле во затворите во Колумбија.
Попај открил дека планирале бомбата во авионот да ја внесат во торба. За тоа бил задолжен маж кој што мислел дека носи опрема за снимање на агентите на „ДЕА“. Тие му рекле дека во торбата носи снимач на аудио кој што требало да ги сними неколкуте Американци кои наводно биле во авионот.
„Кога ја отворил торбата, тоа беше ремек дело“, изјави Попај
Картелот за производство на бомби користел експерти од Велика Британија, Израел, Шпанија и многу паравоени групи: „Нашиот инжинер Куко го научи тоа од баскијските сепаратисти“, открива Попај.
„Знаевме дека ако бомбата експлодира на погрешно место, нема да влијае на резервоарите со гориво, па пилотот би можел да го спаси авионот. Така креиравме домино ефект со горивото кое што беше во крилата на авионот. Смртоносна комбинација“, открива Попај.
https://www.youtube.com/watch?v=x_sar8IQKEk
Авионот бил уништен, но Гавириа преживеал затоа што во последен момент не се качил на летот за Кали: „Можеби го спасил неговиот ангел чувар“, изјави Попај.
https://www.youtube.com/watch?v=S3SyM6XpW0A
Платениот убиец Попај во повеќе наврати изјави дека се кае за сторените злосторства, но до крајот му останал верен на Ескобар кој беше убиен во 1993-та година.
„Да се роди пак, повторно се би поминал со него“, изјави Попај за Ескобар.