Најпопуларни месеци за венчавка се јуни и септември, најпопуларен ден сабота

од desk2
117 прегледи

Кај повеќето двојки веридбата се случува меѓу 13 и 18 месеци од врската, најпопуларна боја на венчавката е сина, а со цел свадабата да биде совршена младите работат и до 25 часа неделно.

Компанијата „Wedding Papers Divas“ спроведе истражување меѓу своите клиенти за љубовта, веридбата, свадбата и бракот.

Четириесет и осум проценти од двојките првото „те сакам“ го изговориле во период од првиот до шестиот месец од врската, а 41 отсто за помалку од еден месец, што дефинитивно покажува дека во светот има многу повеќе романтични души, отколку што се мислеше досега.

Родителите на партнерот повеќето испитаници ги запознале во првите шест месеци од врската, а девет отсто ги знаеле и претходно. 

Веридбата кај повеќето двојки се случила од 13 до 18 месеци од врската, а мал број, односно четири отсто се венчале мошне брзо во период од шест месеци.

Иако пазарот за планирање на свадбите на запад е мошне развиен, повеќето од младите сами си ја организирале својата свадба. Шеесет и осум проценти од нив се занимавале со тоа, а само осум отсто изнајмиле координатор, кој го организирал целиот настан.

Четириесет отсто од двојките на планирање на венчавката неделно трошат меѓу десет и 15 часа. Речиси половина работат до девет часа, а мал број, односно три проценти надминале дури 25 часа неделно.

Меѓу најпопуларните бои на свадбите е сината (37 отсто), а потоа следат виолетовата (30 проценти), зелената, портокаловата и белата. 

Најпопуларни месеци за венчавка се јуни и септември, а ден сабота.

И натаму повеќето двојки се одлучуваат за хотелските ресторани или банкет сали (39 отсто), а потоа за селски имоти и венчавки на отворено, како и за голф клубови.

Повеќето млади медениот месец сакаат да го поминат на тропски остров. Во европските градови патуваат 11 отсто од младите, а во авантура како сафари се впуштаат седум проценти. На меден месец воопшто не заминале 16 отсто од љубовните двојки.