Изминатата 2018 година сигурно беше значајна во однос на убавината.
Веќе знаеме како да направиме коса како виножито, а машките фризури со пунџа го преплавија сиот интернет.
Но, луѓето не се заинтересирани само и единствено за косата. Излегува дека светот има да постави многу прашања поврзани со убавината, почнувајќи од тоа како да отстраниме гел лак, до тоа како да стиснеме мозолче.
Најпоставуваните прашања во Google, изненадувачки или не, се поврзани со кланот Кардашијан и може и да ве изненади нивната точна содржина.
Видете ја листата со најмногу поставуваните прашања за убавината во пребарувачот за 2015 година.
1. “Како да ги направам усните како на Кајли Џенер?”
Ова е еден бјути феномен, кој доминираше на сите социјални мрежи оваа година. Риалити ѕвездата стана позната со своите усни и во 2015 година призна дека имавбризгано инјекции за зголемување. Нејзините лојални фанови го пробаа предизвикот на начини кои ни од далеку не се безбедни, само и само за да постигнат траен ефект. Искрено се надеваме дека тоа е една од работите кои ќе останат во 2015 година.
2. “Што се филери за усни?”
Второ познато прашање, кое го предизвикаа во голема мера кланот Кардашијан и Кајли Џенер конкретно. Привремените филери за усни се најчесто употребуваната процедура за зголемување на големината и густината. Времетраењето е меѓу шест и девет месеци. Според стандардите, тие се релативно безопасни … колку што може вбризгувањто на хијалуронска киселина да биде безбедно.
3. “Како да отстраните гел лак од ноктите?”
Гелните нокти гарантираат нокти без кршеници и деформации за неколку дена и дури и недели. Отстранувањето сепак може да биде доста комплексна задача која ако не се исполни правилно ги оштетува ноктите. Во повеќето случаи тоа не е нешто што би сакале да го направите сами дома.
4. “Како да ги отстраните ноктите од акрил во домашни услови?”
Долгите нокти се наоѓаа на секаде оваа година, но нивното правилно вадењеа е нешто што треба да го знаеме, ако сакаме здрави нокти. Тоа е проблем кој бара обилно атопување во ацетон. Слично на претходното прашање, нашиот одговор е да ја оставите оваа постапка на професионалците.
5. “Како да користам балсам за брада?”
За сите мажи кои сакаат да негуваат убава брада, балсамите се задолжителни.
6. “Како да направам француска плетенка?”
Ова прашање целосно го разбираме – плетенките се одлично нешто и секогаш се добар избор за секоја пригода. Признаваме дека, сепак, често работите не се добиваат токму онака како што ни се сака или сме си мислеле.
7. “Како да стиснам правилно мозоче?”
Чуден прашање кое не нè изненадува со своето присуство во оваа листа. Ова е особено чувствителна територија која бара внимание. Имајте на ум дека постојат случаи во кои можете да се справите сами дома, но постојат и такви во кои е добро да се консултирате со професионалец.
8. “Како да добијам сјајна кожа?”
Прашање кое бара посебно внимание, бидејќи не е лесно да се одговори генерално, но пак за сметка на тоа е убаво како ефект. Добрите пудри и техника за сенчање се најдобрите пријатели.
9. “Како да направам петенки на пунџа?”
Откако еднаш се справивте со тешката задача за плетење на плетенка, најверојатно следниот чекор ќе биде да се научите да правите пунџа. Сосема природно, најлесниот начин е да ја завиете и да прицврстите со шноли.
10. “Како да ја скротам косата?”
Иако имате непослушна се коса, лесно може да се справите со задачата за “скротување”. Начинот? Ќе изберете специјална козметика, која ќе ви помогне да се справите успешно и долготрајно.