Најскапите оскаровски креации кои се „прошетаа“ на црвениот тепих

од Elena Daskalova
444 прегледи

Во пресрет на годинашното доделување на Оскарите, ве потсетуваме на седумте најскапи модни креации кои низ годините се појавија на црвениот тепих.

Џенифер Лоренс, Оскари 2013

Сите се сеќаваме на моментот кога актерката падна на скалите додека се качуваше да го подигне својот Оскар. Нејзиниот фустан е креација на Диор и е најскапата креација (4 милиони долари) наменета за доделување на Оскарите.

Кејт Бланшет, Оскари 2007

За оваа пригода актерката носеше дизајн на Армани, на кој рачно беа шиени Сваровски кристали. Овој фустан чинеше 200.000 долари.

Лупита Нјонго, Оскари 2015

На церемонијата се појави во дизајн на Келвин Клајн, фустан кој наводно, беше украден од нејзината хотелска соба, а неколку дена подоцна беше вратен. Се зборуваше и дека бисерите биле лажни, но од Келвин Клајн потврдиле дека сите 6000 бисери се вистински. Фустанот чинеше 150.000 долари.

Кејт Винслет, Оскари 2007

Кејт во 2007 облече едноставен, но елегантен фустан на Валентино, кој го избрала со помош на нејзината ќерка. Фустанот чинел 100.000 долари.

Шарлиз Терон, Оскари 2013

Креацијата на Диор можеби чинеше 100.000 долари, но беше надополнета со дијамантски накит вреден 4,5 милиони долари.

Џесика Бил, Оскари 2014

Џесика за ова појавување на Оскарите избра дизајн на Шанел, во природна месо-боја, украсен со тантела, кој чинеше 100.000 долари.

Сандра Булок, Оскари 2014

Едноставниот син фустан, дизајн на Александар Меквин, спореден со горенаведените е доста поевтин, бидејќи чинел 40.000 долари. Сепак, овој дизајн е еден од најнезаборавните.

Потсетете се како изгледаа овие фустани:

Слични содржини