Најстарата стјуардеса на светот лета шест децении

од desk2
100 прегледи

Таа има 82 години, работи полни шест децении и воопшто не размислува за пензија. Бет Неш е најстарата стјуардеса на светот.

Кариерата ја почнала во компанијата „Истерн Ерлајнс“ во 1957 година, кога прв пат полетала. Подоцна дочекувала и испраќала патници во авионите на „Пан Ам“ и „Ју-Ес Ервејс“.

Денес работи во компанијата „Американ Ерлајнс“.

„Летав додека Барак Обама уште не беше роден“, вели Бет, и додава дека на почетокот на кариерата цената на авионските билети била 12 долари, а редот на летање се испишувал со креда на табла, пишува Дејли Мејл.

Оваа ветеранка меѓу стјуардесите за шест децении непрекината работа, добила специјално признание од својот работодавец. И покрај толку време поминато во облаците, Бет и денес тврди:

„Работата ми е се на светот, многу ја сакам и уживам во неа!“.