Најстариот и најмладиот играч во нок-аут фазата од Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba
267 прегледи

Во средата се одиграа последните два натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите, а забележани се и два рекорда.

На дуелот помеѓу Порто и Арсенал, домашната екипа на самиот крај успеа да ги победи гостите од Лондон. Тоа беше првиот гол што Порто му го даде на Арсенал и прва победа против „топџиите“ за португалскиот тим на четири одиграни натпревари.

Фудбалерот на Порто, легендарниот Пепе, стана најстариот играч на еден натпревар од нок-аут фазата на елитното европско натпреварување. Пепе во средата имаше 40 години и 360 дена.

На дуелот помеѓу Наполи и Барселона, кој заврши нерешено 1:1, фудбалерот на Барселона Ламине Џамал ​​стана најмладиот играч кој играл во нок-аут меч од Лигата на шампионите.

Џамал ​​имаше 16 години и 223 дена во средата навечер.

Слични содржини