Најстрашните снимки од пожарот во Грција, Турција прва понуди помош

од desk2
127 прегледи

Грчкит медиуми и социјалните мрежи пренесуваат шокантни глетки од оборбата со огнената стихија во Атина. Во дврот на една вила најдени се телата на родители со бебиња.

Грчките медиуми пренесуваат шокантна глетка која ја затекнале спасувачките служби во селото Мати каде покрај брекот најдени се 26 тела на луѓе кои се обидувале да стигнат до морето и да го избегнат огнот. Но, бидејќи брегот завршува на десетина метри над морето, невозможно било да стигнат до него па изгореле.

Градоначалнкот на Рафина Евангелос Бурус вели дека нашле 26 тела на луѓе, меѓу кои имало и мали деца.

Драматичните сведоштва на пожарникарите велат дека затекнале тела на родители кои прегрнувајќи ги своите деца заедно починале.

Бурнус се плажи дека бројот на загинати ќе биде поголем, а дека да се зборува за материјална штета е бесислено.

Селото Мати е во потполност збришано со пожарот, а преку 1.000 куѓи и 300 автомобили се уништени.

Турски новинар кој летал над Атина снимил видео кое ги покажува размерите на драматичните пожари кои ја зафатија областа Атика недалеку од Атина.

Мурат Сарика сними видео од неколку секунди кое зборува повеќе од 1.000 зборови, за трагедијата што ја снајде Грција. „СЛиката на гигантски пожари од висина. Огнот се поместува кон куќите“, напиша турскиот новинар во опис на снимката која ја постави на Твитер.

https://twitter.com/g0rilla_zo/status/1021571278979981312

Огнената стихија од ноќеска гори околу Атина, до сега има 50-тина жртви и околу 200 повредени, додека близу 700 се спасени. Ветрот го носи огнот со голема брзина, а помага и жештината, затоа што измерени се 40 степени целзиусови. На терен се 600 пожарникари со 300 противпожарни возила.

Грција побара помош од ЕУ, а веднаш и беше понудена помош од Турција, замеја која инаку е на „нож“ со Грција.Умено, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се слушнал со грчкиот колега Никос Коѕијас и му понудил безусловна помош.

https://twitter.com/FaktXeber_Az/status/1021641066745942017

https://twitter.com/FaktXeber_Az/status/1021641066745942017