Најстрог град во Холандија: Ги протера Еуро 3 дизелашите

од desk2

Од 1 јануари 2019 година градот Арнем во Холандија забранува возење автомобили на дизел со Еуро 3 стандард.

Градот се наоѓа на истокот од земјата во близина со Германија, а според најновата одлука во центарот на градот нема да може да влезат возила постари од 2005 година.

„Од 25.000 автомобили кои дневно поминуваат низ градот, 800 подлежат на оваа забрана“, вели Геерт Ритсема, градски секретар за заштита на животната средина.

Овој град воведе и правило посетителите од други градови кои секојдневно доаѓаат во градот поради работа, бесплатно да се паркираат на периферијата, а потоа да користат јавен превоз.

Во градот живеат околу 150.000 жители, а јавниот сообраќај се потпира на тролејбуси.

Слични содржини