Најтажната приказна за семејството на Коби: Неговите родители го изневериле додека бил жив, а неговата ташта по смртта

од Stefanija Kuzmanovska
383 прегледи

Пред точно една година, Коби Брајант го загуби животот во трагична несреќа што го потресе светот како никогаш порано. Коби и неговата 13-годишна ќерка загинаа во хеликоптерска несреќа кога хеликоптер поради магла удри во рид над Калабазас, близу Лос Анџелес.

Коби зад себе ги остави сопругата Ванеса и уште три ќерки, како и родителите Џо и Пем, со кои имаше особено затегнати односи.

Иако многу работи изгледаа совршени во животот на Коби, односот со неговите родители беше болна точка.

Родителите и сестрите на Коби не присуствуваа на неговата свадба со Ванеса

Пем и Џо го поддржуваа Коби уште од најрана возраст, но првите проблеми се појавија кога тој реши да се ожени со Ванеса во 2001 година. Тогаш Коби имал 21 година, а Ванеса само 18 години, а мајката била особено голема противничка на тој брак.

Затоа целото семејство на Коби – неговата мајка, татко и две сестри – не присуствуваа на неговата венчавка.

Помирувањето дојде по раѓањето на првата ќерка на Коби и Ванеса – Наталија во 2003 година. И тоа траеше цела деценија, а потоа родителите на „Мамба“ направија нешто непростливо.

Ги дале на аукција неговите лични предмети од детството, незадоволни од парите што ги добиваат од Коби

Незадоволни од фактот што Коби не им давал пари колку што сакаа, тие одлучија да ги стават на аукција сите работи од неговото детство.

Коби јавно зборуваше за тоа, а после тоа реши трајно да го прекине контактот со неговите родители.

– Нашите односи се с*ање. Им велам, ќе ви купам многу убава куќа, а одговорот што го добив беше дека не е доволно. И тогаш ги прашувам: „Дали затоа ги продавате моите работи?“, рече Коби пред неколку години во едно од интервјуата за ЕСПН.

Сепак, откако сфатиле што сториле, Пем и Џо се откажаа од аукцијата за шест предмети, вклучувајќи ги и спомените од детството и средното училиште, кои беа проценети на 500.000 американски долари.

Тие подоцна издадоа заедничко соопштение во кое жалат за постапката, но беше доцна.

– Жалиме за постапката што ја направивме, како и за изјавите испратени до Коби Брајант. Се извинуваме за недоразбирањето и непланираната болка што можеби му ја предизвикавме на нашиот син и ја цениме финансиската поддршка што ни ја пружа со текот на годините, рекоа Пем и Џо во заедничката изјава.

Сепак, веќе беше доцна. После тоа, Коби не разговараше со неговата мајка и татко три години. Не е познато дали тој се смирил со неговата мајка, но во 2016 година бил виден како го гушка својот татко.

Сепак, ниту Џо, ниту Пем не беа на збогувањето со кошарката во април 2016 година и последниот натпревар што го одигра во кариерата, ниту во декември 2017 година на повлекувањето на дресовите 8 и 24 под сводовите на Центарот „Стејплс“, кои ги носеше за време на неговата кариера во дресот на Лејкерс. Американските медиуми пишуваат дека односите на Коби со неговите родители останале лоши до неговата смрт.

Коби страдаше поради неговата врска со неговите родители и сакал да ги поправи работите и повторно да ги доближи до себе и своите деца, но падот на хеликоптерот ги наруши неговите планови.

Неговата свекрва го предаде после смртта, и направи пекол на Ванеса

Она со што се бореше Коби, продолжи и по неговата смрт и Ванеса, која заврши на суд со нејзината мајка Софија Лејн.

Мајката на Ванеса ја обвини својата ќерка во интервјуто кое го даде за медиумите, при што плачеше, истакнувајќи дека е алчна и брка пари, како и дека ја избркала од куќата по смртта на Коби.

Одлучи да ја тужи за неплатените услуги на дадилка во последните 18 години. Во тужбата на 48 страници, Лејн наведува дека Коби Брајант, пред неговата смрт, ветил дека ќе се грижи за својата свекрва до крајот на животот.

Ванеса беше бесна во врска со изјавите на нејзината мајка во медиумите.

– Оваа постапка е несериозна и ме навредува незамисливо. Мојот сопруг никогаш не и вети ништо на мајка ми и тој ќе беше толку разочаран од нејзиното однесување и немање сочувство. Мајка ми продолжува да се обидува да најде начин да изнуди финансиски приход од моето семејство. Ја поддржував скоро 20 години и секогаш бев дома, така што сопругот и јас ги воспитавме ќерките сами. Таа беше само нивна баба која ја поддржувавме јас и нејзиниот зет на мое барање – додаде вдовицата Коби Брајант.

Во изјава за медиумите по тужбата, Ванеса рече дека нејзината мајка барала 96 долари на час, затоа што наводно ги чувала нејзините и децата на Коби 12 часа на ден во последните 18 години.

Слични содржини