Најтоплиот ден во Санкт Петербург од 1905 година

од Nikola Popovski

Во Санкт Петербург е регистрирана највисоката температура на воздухот во последните 116 години, објави Спутник.

Во саботата во 16 часот измерени се 29,9 степени во северната престолнина на Русија, што го сруши претходниот рекорд поставен во 1905 година за 0,1 степен.

Метеоролозите објавија дека ова е само почеток на топлотниот бран, па се очекува во наредните денови да бидат забележани уште повисоки температури.

Фото: Alexei Danichev / Sputnik / Profimedia

Слични содржини