955
Интернет-платформата за музика и музички видеа ТИДАЛ објави топ 5 листа од песни кои се најпогодни за додворување кон девојка.
- Ед Ширан: „Perfect”
„Си најдов жена посилна од секого што го знам… Со неа ги делам моите мечти, а се надевам дека еден ден ќе го делиме и домот…“
- „Бон Џови“: „Livin’ on a Prayer”
…Доколку сакате да ѝ покажете дека и кога ѝ е најтешко, ќе бидете тука за неа… „Си припаѓаме еден на друг и тоа значи. Ќе дадеме сѐ од себе – од љубов.“
- Ерик Клептон: „Wonderful Tonight”
Ако Вашата сакана Ве праша како се чувствувате, песнава ќе одговори наместо Вас…
„Се чувствувам прекрасно, зашто ја гледам светлината на љубовта во очите твои. А, најчудното е што ти не знаеш колку многу те сакам.”
- Scorpions: „Still loving you”
„Време е, крајно време е, да ја освојам повторно твојата љубов. Ќе бидам таму и ќе чекам. Љубовта, само љубовта може еден ден да ми ја врати твојата љубов.”
- Goo Goo Dolls: „Iris”
„Просто, сакам да знаеш кој сум јас…” И, ја повикувате на танц.