Најубавите венчаници на деценијата

525 прегледи

Во текот на деценијата која изминува, многу од познатите дами прошетаа до олтарот во венчаници кои ја воодушевија јавноста.

Во продолжение, потсетете се на оние кои најмногу ги паметиме. Од Кејт Мидлтон до Кејт Мос, ова се најубавите селебрити невести.

Хејли Болдвин Бибер

https://www.instagram.com/p/B3VLmXjlfQH/?utm_source=ig_embed

Едно од најочекувание венчавки во 2019 година беше она на манекенката Хејли болдвин и Џастин Бибер бидејќи го одложуваа неколку пати. Очекувано, манекенката не носеше само една, туку три венчаници, но најмногу се истакнаа онаа во која прошета до олтарот. Станува збор за чипкаста венчаница на брендот Off-White со драматичен вел на кој на дното беше извезено Till death do us part (Додека смртта не не раздели).

Прјанка Чопра

https://www.instagram.com/p/Bq9zP62ntiK/?utm_source=ig_embed

Актерката и поранешна Мис на светот, Прјанка Чопра и пејачот Ник Џонас се венчаа во 2018 година, а нивната венчавка траеше неколку дена и невестата секој пат носеше различна венчаница, но најмногу се работеше за традиционална идниска венчаница. Но највпечатлива беше класичната бела венчаница која ја носеше на црквената церемонија. Станува збор за извезана венчаница на модната куќа Ralph Lauren со опаш долг 22 метри.

Меган Маркл

https://www.instagram.com/p/BxotAfKgy1o/

Едно од најгледаните венчавања на деценијата беше она на принцот Хари и Меган МАркл во 2018 година. Со месеци се претпоставуваше кој би можел да ја креира венчаницата на невестата, а дури беа отворени и обложувања на таа тема, но Меган, сепак, успеа сите да ги изненади во минималистичка венчаница А-крој, од модната куќа Givenchy.

Гвинет Палтроу

https://www.instagram.com/p/BprmEcpl-V4/?utm_source=ig_embed

Гвинет Палтроу се венча со Бред Фалчук во 2018 година далеку од очите на јавноста, во кругот на семејството и најблиските пријатели, но на Инстаграм сепак сподели дел од атмосферата. Актерката, на која ова и е втор брак, избра романтична чипкана венчаница на модната куќа Valentino.

Ким Кардашијан

https://www.instagram.com/p/BxiJOaDFf6H/?utm_source=ig_embed

Ким Кардашијан и Канје вест се венчаа во 2014 година, а за неа тоа беше втор брак. Славната старлета се омажи во чипкаста венчаница на Givenchy со сирена крој, а парот ги размени заветите во бајковитата тврдија Белведере во Фиренца.

Амал Клуни

https://www.instagram.com/p/Bd4-7UeFYq-/?utm_source=ig_embed

Амал е можеби една од најстилските невести на деценијата. Таа и Џорџ Клуни се венчаа во 2014 година во Венецијаа, а младата за таа прилика облече бел комплет со пантолони со потпис на Stella McCartney кои ги надополни со бел шешир и салонки. Подоцна беа објавени и фотографии од раскошната венчаница на Oscar de la Renta направена од фина француска чипка.

Анџелина Џоли

https://www.instagram.com/p/sbTdp-Mvsh/?utm_source=ig_embed

Венчавката на Џоли и Пит се одржа на имот во Франција во 2014 година и беше затворено за јавноста. Но Џоли позираше во прекрасната свилена Versace венчаница за магазинот People. Интересно е тоа што покрај луксузната венчаница, Џоли носеше вел украсен со цртежи на нејзините деца.

Криси Тиген

https://www.instagram.com/p/BVfhJcRDgI5/?utm_source=ig_embed

Криси и Џон се венчаа покрај езерото Комо во Италија во 2013 година. Невестата носела дури три венчаници со потпис на Vera Wang, но најубава беше онаа балската во која се прошета до олтарот.

Кејт Мос

https://www.instagram.com/p/BvbLZbtBRLy/

Кралицата на бохо стилот Кејт Мос, се омажи за Џејми Хинц во 2011 година во венчаница која е остварување на соништата за сите девојки кој го негуваат тој стил. Полупроѕирната венчаница со светкав вез била креирана од John Galliano.

Кејт Мидлтон

https://www.instagram.com/p/B3T_7MNHzxW/

Шлагот на крајот, венчаницата за која најмногу се зборуваше и дефинитивно најнезаборавната. Кејт Мидлтон се омажи за принцот Вилијам во 2011 година во прекрасната венчаница од Alexander McQueen со чипкасти ракави и раскошен горен дел. Венчаницата кратко потоа, беше изложена во Бакингемската палата.

Слични содржини