47-годишната Џина Стјуарт, која е наречена “најсекси баба”, повторно ја скокотка имагинацијата на своите фанови и најави празничен календар на социјалните мрежи. Календарот е наречен “речиси гола” и како што кажува самото име, малку остава на имагинацијата.

Џина позира облечена само во црвено капче и со некое парче облека, ако така може да се нарече машната што ја врзала околу градите.
Иако самата најава е повеќе од разголена, календарот изгледа има уште поексплицитна содржина. Според нејзините зборови, календарот содржи и фотографија од “Фул фронтал топлес”, каква што не е видена досега.
https://www.instagram.com/p/BrdIJGyFSew/?utm_source=ig_embed
Покрај тоа, најзгодната баба вети дека и во наредните месеци во текот на 2019-та година ќе објавува “гламурозни и убави фотографии”.

Џина вниманието на светските медиуми го привлече благодарение на својот атрактивен изглед. Била дел од австралискиот избор за девојка на годината во организација на машкото списание “Maxim”. Се натпреварувала со 18-годишни девојки, иако има четири деца и еден внук.