Намирници кои би требало да ги избегнувате за појадок

од Stefanija Kuzmanovska

Појадокот со причина се смета за најважен оброк во денот.

Додека некои намирници го подобруваат фокусот, концентрацијата и енергијата, има и такви кои не придонесуваат за тоа туку, напротив, придонесуваат за развој на поголемо количество стрес, вели психијатарот и нутриционист Ума Најду и ги наведува петте најлоши намирници кои можете да ги изедете за појадок.

Овошно смути кое всушност е „маскиран“ милкшејк

Иако смути често се препорачува како лесен начин да се добие повеќе протеини, овошје и зеленчук, многу смутиња се всушност засладени милкшејкови.

Поточно, смути направени само со овошје, на пример банана или манго со висок гликемиски индекс и јогурти со вкус на овошје содржат многу шеќер и не се најздравиот избор.

Без масти или протеини за да се ублажат ефектите на зголемување на шеќерот во крвта, ваквите пијалоци може да предизвикаат моментален скок на енергијата што резултира со пад само неколку часа подоцна, што резултира со замор, анксиозност и раздразливост.

Кафе со разни адитиви

За многумина, пиењето добро кафе е омилен начин за почеток на денот, но кафето може да се служи на многу начини, на пример како капучино со бадемово млеко.

Познато е дека кафињата можат да бидат полни со вештачки вкусови, рафинирани шеќери и млечни производи и како такви да го зголемат воспалението во телото и мозокот. Воспалението е поврзано со зголемени симптоми на психијатриски заболувања и нарушена когнитивна функција.

Житарици

Има само неколку намирници за појадок кои можете да ги подготвите брзо како житарките на кои треба само да им додадете млеко, но видот на житарки што ќе го изберете има важни импликации за когнитивната функција во текот на остатокот од денот.

Кога станува збор за житарки, интегралните житарки со јаткасти плодови, здрави масти и многу влакна за да го нахранат вашиот стомак се добар избор.

Меѓутоа, честопати, готови житарки купени во продавница нудат малку од овие хранливи материи, а вие пропуштате да добивате хранливи материи кои го зајакнуваат мозокот наутро.

Обидете се да направите сопствена домашна мешавина од житарки за да го контролирате шеќерот и да го зголемите внесот на хранливи материи, пишува Mind Body Green.

Овошни јогурти

Овошјето со низок гликемиски индекс, како што се бобинките, се претпочита да се консумираат поради нивните влакна и полифеноли, како и грчки јогурт направен од полномасно млеко.

Сепак, јогуртот со овошен вкус е уште еден извор на шеќер кој се маскира како избалансиран појадок.

Важно е да ги проверите етикетите за исхрана бидејќи четири грама шеќер е една лажичка шеќер, затоа внимавајте да не консумирате шест или осум лажички шеќер во вашиот наводно здрав јогурт за појадок.

Секогаш е подобро утрото да го започнете со обичен јогурт, а потоа додадете сечкано овошје по избор, малку мед и сè посипете со цимет.

Комбинација на крофна и кафе

Иако лесно се доаѓа до нив и се многу достапни, крофните и кафето не даваат соодветна основа за концентрација и расположение во текот на денот.

Крофните се богати со рафинирани јаглехидрати и пржени во масло, што може да предизвика краткотрајно поматување во мозокот и долгорочно лошо памтење.

Квалитетот на појадокот е нераскинливо поврзан со квалитетот на когнитивната функција во текот на денот. Иако популарниот избор на овој оброк е лесно достапен, намирниците како оние кои се споменати погоре се на листата на не толку здрави намирници за мозокот.

Слични содржини