Големата награда на Сингапур почна во 14 часот, а на првата кривина по голема хаварија мораже да излезе безбедносното возило.

На првата ноќна трка по дождливо време Себастијан Фетел тргна од првото место, Макс Верстапен беше веднаш до него, а Кими Раиконен се обиде да ги престигне возилата на Red Bull.
Во тој момент Фетел скршна лево, Верстапен направи ист маневар и се заби во Раиконен.
Финскиот возач изгуби контрола над болидот и во првата кривина се заби во Верстапен и Фернандо Алонсо.
По неколку кривини Фетел изгуби контрола и се заби во ѕуд, поради што и се откажа од понатамошната трка.
Во моментот лидер е Луис Хамилтон, кој со евентуална победа ќе дојде на чекор до титулата првак на светот.