287
Најмалку шест лица се убиени, а едно е повредено во напад со нож во градинка во кинеската провинција Гуангдонг, соопшти полицијата за Би-Би-Си.
Полицијата соопшти дека уапсила 25-годишен маж и ги истражува причините за нападот.
Засега не е откриено ништо за жртвите, но се нагласува дека нападот бил со предумисла.