162
Маж вооружен со нож ја нападнал полицијата во предградието на францускиот град Нант, пренесоа светските медиуми.
„Раша Тудеј“ наведува дека била нападната полицајка, која претрпела сериозни повреди, а локалните медиуми јавуваат дека осомничениот за нападот избегал.
Тој, наводно, влегол во полициската станица и ја нападнал службеничката со нож.
Два хеликоптера, кучиња трагачи и повеќе од 200 полицајци се вклучени во потрагата по осомничениот.
Засега не е познат мотивот за нападот.
The suspect is reported to have fled after the attack on the officer in Brittany https://t.co/PJyE3v1nRC
— The Local France (@TheLocalFrance) May 28, 2021