Нападнат лекар на Итна медицинска помош во Куманово

од Vladimir Zorba

Во недела на втори август во Куманово, лекар од Итната медицинска помош пријавил во полиција дека бил мета на физички напад при извршвуње на неговата задача како лекар. Случајот во СВР – Куманов, лекарот В.В го пријавил во 10.20 часот, каде и ја објаснил целиот настан со нападот.

– На 01/02.08.2020 околу 22.00 часот додека бил на интервенција по претходно случена сообраќајна незгода на пат Куманово – Свети Николе,
во близина на с.Добршане бил навредуван од две непознати лица, роднини на починатиот, по што од таткото на починатиот бил физички нападнат, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини