Нападнат раперот Трој Аве

од Vladimir Zorba
179 прегледи

 

Раперот Роланд Колинс, кој настапува под уметничкото име Трој Аве, беше ранет со истрели од огнено оружје во својот автомобил во њујоршката населба Бруклин.

Триесет и едногодишниот њујорчанец е погоден со два куршума, додека одел на гости кај свои роднини. Тој бил на крстосница, во моментот кога еден маж се приближил до неговото црвеното „Масерати” и испукал неколку пати во возилото.

Потрагата по напаѓачот е во тек, соопшти локалната полиција.

Раперот е ранет во раката и во пределот на главата, но сепак, успеал да излезе од автомобилот и да стигне до болницата „Брукдејл”. Лекарите соопштија дека неговата состојба е стабилна.

Инаку, и самиот Колинс порано имаше проблеми со законот. Тој во минатото беше обвинет за поседување огнено оружје и обид за убиство, по инцидент на концертот во салата „Ирвинг Плаза” во мај годинава, кога беа ранети четири лица, од кои еден подоцна почина.

Раперот одрекуваше каква било поврзаност со инцидентот и беше ослободен со кауција.