Напаѓачот кој уби пет лица во САД е поранешна ѕвезда на НФЛ

од Stefanija Kuzmanovska

Пет лица загинаа, меѓу кои и две деца, по пукање во куќа во Рок Хил, Јужна Калифорнија.

Според американските медиуми, во пукањето уште едно лице е тешко повредено, додека осомничениот е уапсен, пренесува „Курир“.

– Ја идентификувавме личноста за која сметаме дека е одговорна за пукањето. Ја најдовме во куќа во близина. Нема активна закана за заедницата – објави канцеларијата на шерифот во округот Јорк.

Напаѓачот кој уби познат лекар и уште четири други лица е поранешниот играч на НФЛ, Филип Адамс. По нападот, кратко по полноќ по локално време, тој извршил самоубиство.

Полицијата го пронашла Адамс во куќа во Рок Хил неколку часа по масакрот, а во потрагата бил вклучен и хеликоптер.

Слични содржини