Напишани 340 казни, се вози брзо низ патиштата во земјава

од Берта Китинска
153 прегледи

Во текот на вчерашниот ден (15.08.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 340 возачи. Од нив, 29 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 165 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 175 надвор од населено место, информираа од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Слични содржини