Направени 3.028 тестирања, регистрирани 6 нови случаи на КОВИД-19

од Vladimir Zorba
162 прегледи

Во последните 24 часа се направени 3.028 тестирање, а регистрирани се 6 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје, Битола и Кичево – по 2.

Не се регистрирани починати лица.

Не се регистрирани оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 887.621 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.706, бројката на оздравени пациенти е 150.067, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 153