Направи хаос во Италија: Геј-жиголо кој обвини 40 свештеници дека му плаќале за секс

од desk2
184 прегледи

Франческо Манџакапра е машка проститутка и во Неаполитанската надбискупија пратил досие од 1.200 страни, во кое од морални причини открил 40 имиња на активни свештеници и студенти по теологија кои му плаќале услуги.

Неаполитанскиот кардинал Крезенцио Сепе пратил досие директно во Ватикан и во соопштение објаснил дека ниеден од наведените свештеници не служи во Неапол, но дека му го праќа случајот на папата поради “сериозноста на случаите во кои тие кои згрешиле и мора да се покајат за делото што го направиле”.

Манџакашра во тоа досие ставил низа наводни докази, како и скриншотови од разговори на “WhatsApp”, а на италијанските медиуми им рекол дека го обелоденил овој случај бидејќи не можел да поднесе такво лицемерие. Некои од скриншотовите можете да ги погледнете тука.

Сепак рекол дека ниеден од тие 34 свештеници и шест студенти не ги обвинува за секс со малолетници.

https://instagram.com/p/BfpBUV_h6F-/?utm_source=ig_embed

“Станува збор за гревови, не за злосторства”, го цитираат медиумите Манџакапра, кој станал популарен до степен што гостува по телевизии.

Овој скандал е само последен во низата секс-афери кои ја тресат Римокатоличката црква и Ватикан.

https://www.facebook.com/mangiacaprafrancesco/videos/885560378277143/