Наредба на Тито до ОЗНА и UDBA: Да бидат убиени сите “некомунисти во Словенија”

од Vladimir Zorba
326 прегледи

Во Словенија беше отворен документ на поранешните тајни служби од времето на  Јосип Броз Тито, во кој се дава наредба да бидат “убиени сите некомунисти и нивните семејства, вклучувајќи ги и оние кои го поддржуваат само платонско нивното движење”.


Словенечкиот историчар Срѓан Цветковиќ соопшти дека документот е откриен од негов колега кој многу наскоро ќе објави посебна студиа. Документите кои се пронајдени ќе бидат  обелоденети.

Во почетокот на наредбата се даваат општи упатства: “Нападите на куќите, каде што се наоѓаат лицата за ликвидирање, треба да бидат извршени многу брзо, решително и нужно. Секоја двоумење ќе се смета за предавство”.

Начинот на убиство е опишан во 7 точка. Во неа, меѓу другото го пишува и следново: “Треба да има  масакар на 100% целата интелигенција, која не е поврзана со Југословенската комунистичка партија и не членува во неа. Тука не треба да се прават никакви компромиси, вклучувајќи и за оние кои имаат платонско симпатии кон партијата … Да бидат масакрирани сите
познати антикомунистички активисти и лидери, лидерите на националните организации … сите  свештеници, членовите на различните католички организации. Да бидат убиени сите членови на буржоазијата, трговците, големите земјопоседници, средните претприемачи. се разбира дека треба да бидат убиени и сите земјопоседници, богаташи и индустријалци. На крајот треба да бидат ликвидирани и сите мали претставници на владејачката класа како офицерите, подофицер, обичните војници, полицајците, финансиските чиновници. Треба да бидат стрелани и сите градоначалници на поголемите градови и нивните семејства “.


Во однос на богатите граѓани кои ги помагале комунистите го пишува следново:
“За оние богаташи, трговци и индустријалци кои паричен помагале комунистите, треба да бидат применети истите горенаведени мерки. Зашто тие на тој начин сакале да ја спасат глава.” Словенечката комисија, која ги истражува извршените злосторства од комунистичкиот режим до моментов открила 581 масовни гробници со остатоци од повеќе од 100 000 жртви.

Во архивит има документи за смртни пресуди на само 281 лица, во периодот 1945-1952 година Заповедите за ликвидирање биле давани лично од југо лидерот и диктаторот Јосип Броз Тито до Александар Ранкович, првиот шеф на Државната безбедност, која во почетокот се вика  ОЗНА, а потоа се преименува во УДБА. Се тоа стана јасно  од откритијата на Српската комисија  за истражувачко злосторствата на југословенскиот режим . Досега е утврдено дека во Србија се убиени 59 912 лица. Сеуште нема податоци за бројот на жртвите од големите градови, вклучувајќи и Белград.