По контроверзната изјава на водителката на РТС, кој ги нарече „толпа“ студентите што со месеци протестираат, група демонстранти синоќа ги блокираше влезовите на Радио Телевизија Србија (РТС) и Радио Телевизија Војводина (РТВ). Настаните ескалираа кога полицијата со употреба на сила се обиде да ги растера насобраните.
„Ова не е само навреда за нас, туку и обид да се дискредитира целото движење“, изјави студентот Марко Јовановиќ, еден од организаторите на протестот. „Не сме дојдени тука да правиме хаос, туку да испратиме порака дека РТС како јавен сервис мора да известува објективно.“
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, пак, ги отфрли тврдењата дека имало прекумерна употреба на сила. „Нема никаква полициска бруталност, тоа се манипулации“, рече Дачиќ.
Студентите најавија дека нема да се повлечат и дека протестите ќе продолжат сè додека не добијат транспарентно и фер известување во медиумите. „Ние не сме толпа, ние сме гласот на иднината“, порача студентката Ана Петровиќ, повикувајќи ги граѓаните да им се приклучат на големиот протест закажан за 15 март.