НАСА бра „вселенски чувар’ кој треба да ја сочува Земјата од вонземјани, објави BBC.

Главната задача му е да се избегне биолошка контаминација за време на човечли и роботизирани истражувачки мисии во вселената.
Тоа се однесува и на обратниот процес, односно на леталата кои се враќаат на Земјата, како и на ризикот од човеково онечистување на другите планети. Покрај атрактивното име на работното место, со него оди и добра плата, која ќе се движи межи 124.000 и 187 000 долари.Конкурсот е отворен за американските државјани, а трае до средината на август.
Вселенскиот чувар не е нова идеја. Оригиналната спогодба на ОН за истражување на вселената од 1967 година ги повикува државите кои изведуваат вселенски мисии да водат грижа за загадувањето. Меѓу главните задачи на Канцеларијата за заштита на планетите е да ја сочува природната состојба на другите светои и да преме мерки за заштита на Замјината биосфера во случај да постои вонземски живот, пренесува BBC.
Таа голема одговорност ја објаснува великодушната плата, но се бараат и многу кавлификации. Освен напредно знаење за загадувањето на планетите кандидатите мора да имаат и искуство со вселенски програми од национално значење. Најпожелни се дипломи од машинство и математика, физика, а се бара и безбедносна проверка.
НАСА е сериозна во врска со загадувањето, па се подготвува да го уништи леталото Cassini што го истражува Сатурн за да не падне неконтролирано на месечините на планетата, како што се случи во 2003 година кога го уништи Galileo кој ја обиколуваше орбитата на Јупитер.