НАСА дојде до нови сознанија: Дали има шанси астероидот Бену да ја погоди планетата?

од Stefanija Kuzmanovska

АСТЕРОИДОТ Бену, кој претставува закана за Земјата, се уште има многу мали шанси да ја погоди планетата во следниот век, велат научниците од НАСА.

„Не треба да се грижиме премногу“, вели Дејвид Фарнокиј, научник во центарот на НАСА во Пасадена, Калифорнија.

Шансите Земјата да биде погодена од астероид се зголемија – од 2700/1 на 1.750/1, но научниците сега имаат многу подобар увид во орбитата на Бену благодарение на модулот Озирис -Рекс, додаде Фарнокиј, пренесе „Ројтерс“.

„Општо земено, мислам дека ситуацијата е подобрена“, рече Фарнокиј.

Модулот се враќа на Земјата по долга колекција на делови од големиот астероид, кој се смета за еден од двата најопасни астероиди во Сончевиот систем.

Делови од астероидот ќе бидат на Земјата во 2023 година, а Озирис-Рекс пристигна на Бену во 2018 година.

Бену ќе има блиска средба со Земјата во 2135 година, кога ќе помине на растојание што е двојно помало од растојанието од Месечината.

Ако Бену ја погоди Земјата, тоа нема да го уништи животот на планетата, туку ќе создаде кратер кој е 10 до 20 пати поголем од астероидот, изјави Линдли Џонсон, експерт за планетарна одбрана во НАСА.

Опустошената област би била многу поголема – 100 пати поголема од самиот кратер.

Слични содржини