Астронаутот на НАСА Скот кели помина една гдина на Меѓународната вселенска станица со намера да одговори на прашањето како долгорочните мсии во вселената влијаат на здравјето на астронаутите, имајќи ги во предвид планираните летови на Марс.

За резултатите да бидат што попрецизни, братот на Скот, близнакот Марк, остана на Земјата. На двајцата им беа направени медицински прегледи, за да се направат биолошки споредби на параметрите по враќањето на Скот.
Промената на висината на Скот е само една од промените кои научниците ја забележаа. Скот и Марк имаат исти гени, но времето поминато во вселената значително влијаеше на начинот на кој тие гени се изразени.
Претходно се знаеше дека престојот во вселената влијае на коските и мускулите кои слабеат, додека содржината на соли во организмот се менува, а имунолошкиот систем слабее, доаѓа до нарушувања во сонот… Сепак промените кои подолгиот престој во вселената ги прави не беа познати, се до сега.
Прелиминарните резултати на студијата им го покажаа правецот на научниците во кој треба да размислуваат.
Професорот Кристофер Мејсон, кој го водеше ова истражување, истакнува дека илјадници гени се менуваат, некои дури и истиот момент кога астронаутот ќе зачекори во вселената. Исто така, дури и неколку дена по враќањето на Земјата, некои гени сè уште не се вратени во нормала.
Резултатите кои ги објави НАСА покажуваат дека теломерите на Кели, кои се наоѓаат на краевите од хромозомите, биле издолжени, за време на престојот во вселената.
„Тоа е сосема спротивно од она што го очекувавме“, вели Сузан Бејли, радиолог од Универзитетот во Калифорнија. Пократки теломери обично се поврзани со стареењето. Научниците сè уште истражуваат што доведува до издолжување на теломерите, можеби вежбањето и внесувањето помалку калории.
„Една од највозбудливите работи кои можевме да ги видиме набљудувајќи ја експресијата на гените, е тоа дека во вселената тоа изгледа како експлозија, како огномет, штом човековото тело се најде во универзумот“, вели Мејсон. Тоа може да укаже дека гените се премногу осетливи на промената на окружувањето дури и кога станува збор за нашата планета.

Истражувачите забележале разлика и кога се бактериите во прашање. Поточно кај бактериите во стомакот. Промените се видливи во текот на целата година помината во вселената, а како резултат на различните диети и окружувањето.
Научниците се решени да го истражат она што го нарекуваат „вселенски ген“. С оглед на тоа дека се воочени промени и на белите крвни зрнца и во РНК.
„Намера ни е да испитаме дали „вселенскиот ген“ можел да се активира додека Скот престојуваше во вселената.