НАСА одговори на обвиненијата дека поседува деца – робови на Марс

од desk2
79 прегледи

НАСА не поседува колонија од деца сексуални робови на Марс и тоа јавно го демантира.


Обвиненијата на нивна сметка ги изнесе новинарот Алекс Џоунс од каналот Infowars кој тврдеше дека НАСА киднапира деца и ги држи на Марс.

„На Марс нема луѓе. Таму ина само активни ровери. Роверите се таму, не луѓе.“, вели Гај Вестер, портпарол за истражувања на НАСА на Марс.

Се почна кога новинарот Џоунс го интервјуирал Роберт Дејвид Стил кој рекол дека тајно се киднапираат деца и се праќаат со мисија на Марс, а потоа заедно дискутирале на таа тема.

„Ние веруваме дека постои колонија на Марс составена од деца кои се киднапирани и пратени во претходните 20 години. Еднаш штом стигнат на Марс немаат алтернатива туку мора да бидат робови во таква колонија“, вели во програма која се емитува во цела Алерика.

Ова е само една во низата теории на заговор која НАСА мораше да ја демантира. Порано неделава истакнаа дека не поседуваат докази за постоење вонземјани откако се појави видео кое го тврди спротивното.

Инаку, сомнежи предизвикаа сцени во живо пренесени од роверот на кои многу гледачи тврдеа дека виделе луѓе, па НАСА веднаш го исклучи преносот.