НАСА: Оваа ноќ со голо око ќе можеме да гледаме сино-зелена точка во соѕвездието Риби, а тоа е …Уран

од desk4
81 прегледи

Вечерва ќе бидеме сведоци на уникатен поглед. НАСА објави дека планетата Уран ќе биде лесно препознатлива, цитира весникот Дејли мејл. Денес Уран е најблиску до орбитата на Земјата и ќе може да биде набљудувана со голо око, освен со двоглед.

Оваа ноќ крај Земјата, на половина растојание од Месечината ќе помине астероид голем колку автобус. Тој ќе се доближи максимално – на 191 000 км во 18,53 часот по Гринич (20,53 ч. по македонско време).

Астероидот наречен 2017 TD6, беше откриен минатата недела. Неговиот дијаметар е од (9,9 до 22 м). Уран ќе е како сино-зелена точка во соѕвездието Риби. Заради боењето планетата може лесно да биде одвоена од ѕвездите на небото.

Во опозиција значи дека е на спротивната страна на Сонцето. Опозицијата на Уран ќе е само еден од небесните спектакли овој месец.

По неколку дена на небото ќе се појави и Сатурн – над Месечината на 23 октомври и под неа на 24 октомври. А утре, 20-ти октомври, метеорски поток наречен Ориониди ќе достигне врв и 10-15 метеори ќе се гледаат на небото пред зори.