NASA со сензационална вест: Наш астронаут значително се подмладил по престојот во вселената!

од desk2
76 прегледи

Во NASA ги соопштија првите резултати од експериментот во следењето на здравјето на Скот Кели, кој помина на Меѓународната вселенска станица повеќе од една година, и врз здравјето на неговиот брат Марк Кели, кој живееше во слични услови, но на Земјата. Резултатите од експериментот буквално се неверојатни, објави NASA.

Медицинските истражувања на повратникот од МВС астронаут Скот Кели дозволуваат да се направат заклучоци дека животот во вселената, по засега непознати причини, доведува до тоа дека процесот на клеточното стареење или целосно запира или дури започнува да тече во обратна насока, пренесува порталот Space. com.

Соопштението на NASA вели дека “теломерите на Скот Кели почнаа да се продолжуваат во вселената, што може да биде поврзано со намалената употреба на храна и зголемената физичка активност на одборот на МВС. Но кога се вратил на Земјата, теломерите повторно почнаа да се скратуваат”.

Теломерите претставуваат крајните делови на хромозомите кои не штитат од повреда и за време на човечкиот живот постепено се намалуваат.

Анализата на крвта на идентичниот браќа близнак на Скот и Марк покажал и други љубопитни резултати. За време на долгиот престој на Скот Кели во вселената се забавило и темпото на формирање на коските, се намалила и брзината и точноста на работата на неговата меморија, напорите кои биле последица на воспалителните процеси, ги зголемиле нивоата на мастите и хормоните во неговото тело, а се изменил и составот на микрофлората во цревата. По неговото враќање на Земјата, сепак, сите овие промени во организмот му се вратиле во нормални параметри.