Илјадници копнеат да го колонизираат Марс, но дали тоа е можна и остварлива цел за човечката цивилизација?

Ова прашање си го поставуваат научниците од истражувачкиот центар на NASA “Ејмс”, обидувајќи се да предвидат дали човештвото ќе може да се размножува успешно и надвор планетата Земја.
Сигурно дека космонаутите испратени да ја колонизираат Црвената планета, не треба да забременуваат по патот, предупредуваат експертите. Високоенергетските зрачења односно честичките речиси сигурно ќе го стерилизираат секој женски ембрион, зачнат во вселената, велат откритијата на научниците.
Ова сериозно ќе го отежне градењето на колонијата, убедени се научниците, цитирани од “Дејли Меил”.
ДНК која го води развојот на ембрионите и работата на сите клетки, може лесно да биде нарушена од радијацијата која ќе ги бомбардира космонаутите на патот кон Марс – а најверојатно и на самата планета.
Биофизичарот Торе Страуме од “Ејмс”, кој ги пресметувал опасностите од радијацијата со двајца свои колеги, објасни дека во случајот станува збор за точно одредени типови на штетна радијација.
Истражувањата на примати покажуваат дека дури најмали дози на јонизирачко зрачење се доволни за да ги убие повеќето јајца кои се обликувани со женските ембриони и биле во втората половина од бременоста. Ако истиот принцип важи и за луѓето, тогаш ниедна девојка зачната надвор Земјата, нема да е способно да раѓа.
Опасни се и сончевите протуберанси кои ги исфрлаат моќни текови наелектризирани честички меѓу планетите. Според Страуме сепак е сосема можно космонаутите да бидат добро заштитени од нив. Потежок противник била радијацијата, дојдена од вселената надвор од Сончевиот систем.
Овие наелектризирани честички можат буквално да ги експлодираат биолошките молекули како ДНК и лесно би навлегле во алуминиумската облога на вселенските бродови во откриениот простор. Силното зрачење може да доведе и до ментални пореметувања на новороденчиња со бројни ризици по здравјето.
Според Правилникот за однесување на NASA космонаутите треба во секое време да се задржи “доверливиот однос” меѓу себе и да се стремат кон “професионални стандарди”. Дали овие стандарди ќе се однесуваат и за сексот во вселената, допрва ќе дознаеме.