272
Преработките на хитови од други изведувачи често се докажувале како одличен начин за лансирање на музичка кариера, но и за публиката подобро да ги запознае младите и надежни изведувачи, како што е гевгеличанецот Филип Хаџикојчев. Талентираниот пејач, кој учествуваше и во првата сезона на македонското шоу „Ѕвезда број 1“, деновиве ја претстави својата нова преработка на темата „Impossible“, чија најпозната верзија е на британската ѕвезда Џејмс Артур.
Вели дека сака да ги пее Ed Sheeran, Justin Timberlake, Coldplay.. Дефинитивно сака да пее иако нема големо искуство. Проценете колку му треба поддршката од секој од нас. Ова е неговиот прв кавер кој бележи слушаност на you tube.