Нашла автоматска пушка во шупата на мајка ѝ, го повикала соседот да помогне, па дошол син му, ја грабнал пушката и избегал

од desk2
249 прегледи

Филмска сцена на подрачјето на Чаир вчера. Според полицискиот билтен, вчера во 15:54 часот во СВР Скопје, „Б.Ѓ. пријави дека на подрачјето на Чаир, во помошен објект на напуштена куќа на нејзината мајка, пронашла автоматска пушка. Според пријавеното, таа го повикала соседот за да проверат што има друго внатре во помошниот објект, при што дошол синот на соседот, ја турнал Б.Ѓ., ја зел пушката и избегал“.

По извршен претрес и дополнителни проверки од страна на полициски службеници, во објектот се пронајдени уште една пушка, пиштол и куршуми. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштува МВР.