„Harley-Davidson“ конечно ги откри деталите од својот прв мотор на електрична енергија – „LiveWire“.
„HD“ веќе четири години работи на „LiveWire“ кој има целосно електричен погон и би требало да биде предводник на новата ера на познатиот производител на мотори.
„Harley“ има цел да биде светски лидер во производство на електрични мотоцикли и до 2022-ра да има комплетна понуда.
„LiveWire“ e дизајниран како урбан мотор со некои класични детали од „Harley-Davidson“.
Од „Harley-Davidson“ останаа таинствени кога станува збор за спецификаците за моќта и автономијата, но од компанијата велат дека овозможува директен вртежен момент и изненадувачко забрзување со вртење на рачката за гас.
„LiveWire“ има 17-инчни тркала со „Michelin“ гуми, „Brembo“ сопирачки систем со 300mm дискови, систем против блокада на сопирачките, „Showa“ суспензија и ниско тежиште, како и екран чувствителен на допир на контролната табла.
Дополнителни информации, вклучувајќи ја и цената, се очекува да бидат соопштени во јануари 2019-та година.