Нациите кои најмногу навлегуваат во личниот простор

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Во секоја земја важат поинакви обичаи и норми, а токму тие различности прилично не фасцинираат. Тие очигледно им биле многу занимливи  и на научниците, кои спровеле истражување во врска со тоа колку соговорниците во одредени земји ќе ви остават личен простор.

Во истражувањето, објавено во  “Journal of Cross – Cultural Psychology”, учествувале 9.000 луѓе од 42 различни држави.

Истражувачите ги замолиле испитаниците да дадат мислење за идеалната оддалеченост која ја држат во разговорот со странците, познаниците и блиските пријатели.

Во случај да сте љубител на „блискоста„ и лесно да се зближувате со локалците, граѓаните од следните нации наскоро сигурно во голема мерка ќе навлезат во вашиот личен простор.

1.Аргентина

2. Перу

3. Бугарија

4. Украина

5. Австрија

6. Словачка

7. Русија

8. Грција

9. Србија

10.Италија
Генерално, студијата покажала дека луѓето кои живеат во топлите краишта преферираат да бидат потопли и поблиски со познаниците и странците.

Заклучено е дека потоплото време влијае на интензитетот на емоции, што резултира со поблизок однос кон луѓето.

Оваа теорија се покажала точна дури и во САД, каде жителите на топлите сојузни држави биле значително посрдечни.

Но, ако спаѓате меѓу личностите на кои им е помила дистанцата, еве ја листата на земји каде сигурно ќе ја остварите :

1. Романија

2. Унгарија

3. Саудиска Арабија

4.Турција

5.Уганда

6.Пакистан

7.Естонија

8. Колумбија

9. Хонгконг

10.Кина

Што се однесува до останатите резултати, истражувањето покажало дека младите ширум светот се значително посклони кон поблизок физички контакт отколку постарите.

Исто така, што се однесува до половите разлики, жените секогаш на странците и познаниците ќе им дадат повеќе простор, но за блиските пријатели разликите меѓу половите не важат.