„Научија“ дрон да препознава насилници во маса на луѓе

од desk2
74 прегледи

Амарјот Синг од Кембриџ вели дека за развој на ваквата технологија го мотивирале нападите слични на оној во Манчестер и смета дека таквите терористички напади во иднина би можеле да бидат спречени со камери кои што ќе можат да ги препознаат насилниците.

Доколку мислевте дека надзорот на луѓе со помош на дронови е нешто што треба да ги загрижи сите, најмногу поради приватноста, тогаш треба да знаете дека во иднина ќе пристигнат дронови кои што ќе можат да го препознаат дури и вашето расположение.

Научниците од Велика Британија и Индија демонстрираа како со помош на машинско учење, развиле алгоритам кој што може во маса на луѓе, да открие поединец кој што би можел насилно да се однесува.


Алгоритамот е „научен“ со некои вообичаени, односно основни насилни методи, како на пример удирање, пукање или напад со нож, а тоа теоретски во иднина би можело да биде развиено, па вештачката интелигенција „би знаела“ кои луѓе на теренот се однесуваат насилно.

Како што пренесува Verge, системот се уште не е подготвен за реалниот свет, затоа што научниците го тестирале само во идеални услови во тест со волонтери. Во најдобриот случај прецизноста на технологијата изнесувала 94%, но истата паднала на 79% кога во сцената имало десет луѓе.

Научниците сметаат дека терористички напади во иднина би можеле да бидат спречени доколку има камери со ваква технологија која што може да препознае сомнително однесување. За дополнително да бидат извршени нови тестирања, дроновите ќе бидат пуштени наскоро на два фестивали во Индија.