Научна сензација: Можно е да има втора Земја сосема блиску до нас

од Vladimir Zorba

1471092597-zme

Безимената засега планета е слична на нашата и ја обиколува Проксима Кентаур

Проксима Кентаур е најблиската ѕвезда до нас по Сонцето. Проксима е само 4,24 светлосни години од Земјата и е црвено џуџе. SPIEGEL соопшти дека астрофизиците откриле дека оваа соседна ѕвезда е обиколенае од досега непозната планета.

Се претпоставува дека оваа безимени засега планета е слична на Земјата и кружи околу Проксима Кентаур на толкава можна далечина и дека е можно на површината да има течна вода. Ова се смета за основен предуслов за настанување на живот.

Никогаш досега научниците не откриле втора можна земја која се наоѓа толку блиску до нас. На крајот на август Европската Јужна Опсерваторија (Eso) го објави сензационалната откритие.

Користено е телескоп со огледало, опериран од Eso во планината Ла Сила, во чилеанската пустина Атакама.

Наоѓањето на толку мало небесно тело беше тешка работа, потврдил извор кој учествувал во откритието на астрофизичарите. Работевме на границата на возможното.

При претходните набљудувања имало само слаби предуслови за постоење на мала планета која орбитира околу Проксима Кентаур. Барем такви се претходните пораки на Eso поврзани со овој проект.

Слични содржини