Научници: Доењето ќе ја спаси економијата

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Доењето на повеќе бебиња за подолг временски период може да заштеди на светската економија речиси 300 милијарди долари за една година само како помогне за одгледување на поинтелигентна и зголемена генерација, посочуваат научниците. Таа исто така придонесува за спречување на 800 000 случаи на смртност на деца и 20 000 случаи на починати жени од рак секоја година.

bebe
“Доењето спасува животи и заштедува пари на ист начин во сите земји, сиромашни или богати”, коментира Цезар Виктор од Федералниот универзитет во Пелотас, Бразил – еден од авторите на студијата.

“Има широко распространета заблуда дека придобивките од доењето се поврзуваат само со сиромашните држави. Ништо не може да биде подалеку од вистината “, посочува тој. Откритијата на истражувачите се базирани на 28 научни прегледа и анализи кои ги разгледуваат придобивките за здравјето и економијата од доењето. Според авторите нивниот труд е најголемата и детална анализа од овој тип, направена до сега. Според него доењето води до “драматично” подобрување на просечниот животен век, а во земјите со високи приходи се намалува ризикот од ненадејна смрт кај новороденчињата со повеќе од една третина. Во земјите со ниски и средни приходи може да заштити речиси половина од децата од развивање на дијареа и една третина од нив од респираторни заболувања.
Доењето исто така може да помогне и во спречувањето на 800 000 смртни случаи, што е скоро 13% од сите смртни случаи на деца под две години. Меѓу другите придобивки од него научниците го посочуваат и зголемувањето на интелигенцијата на децата. Податоците од анкетата покажуваат дека загубите на светската економија од намалени когнитивни способности поради недоволно доење достигнуваат до 302 милијарди долари во 2012 година. Во минатогодишното истражување на весникот “The Lancet Global Health” се наведува дека доењето ја зголемува интелегенцијата, го продолжува образованието и го зголемува приходот, независно од потеклото на семејството. При последното истражување научниците го следеле развојот на 3.500 лица од Бразил во текот на 30 години. Според податоците зголемувањето на бројот на доечки деца под шест месеци до 90% во САД, Кина и Бразил и до 45% во Велика Британија, ќе ги намали значително трошоците за лекување на заеднички детски болести како пневмонија, дијареа и астма. Во САД заштедените средства ќе бидат 2,45 милијарди долари, во Велика Британија 29,5 милиони долари во Кина 223,6 милиони долари и 6 милиони долари во Бразил.

bebe2

За жените по долгиот период на доење се предвидува намалување на ризикот од рак на дојка и на јајниците, посочуваат истражувачите, според кои речиси 20 000 смртни случаи на жени може да бидат спречени годишно. Сепак само едно од секои пет деца во земјите со висок приход се дои до 12 месеци, а едно од три во земјите со ниски и средни приходи се дои во текот на првите шест месеци од животот. Меѓу земјите со најниски стапки на доење деца се ја рангираат Велика Британија, каде 1% од децата се дојат додека наполнат една годинка, Ирска со 2% и Данска со 3%. Доењето е многу често во сиромашните држави. Мајчиното млеко е хранливо и штити од болести, но не секогаш е практично решение за жени кои не можат цело време да се до децата , а во некои општества не се гледа позитивно на доењето на јавни места. Во некои случаи дури може да е опасно – доењето пренесува ХИВ и СИДА од заразена мајка на дете. “Во моментов промовирањето на доењето е фокусирано на охрабрување на жените, без да се обезбедат неопходните економски и социјални услови како здравствен систем, адекватни права на мајките, промени во работната средина, советување и едукација”, посочува коавторот на студијата Најџел Ролинс од Светската здравствена организација (СЗО). Друг проблем е и “агресивениот маркетинг” на замена на млеко а нивната продажба на глобално ниво ќе достигнат 70,6 милијарди долари до 2019 година . Истражувањето повикува на политички ангажман и инвестирање на финансии за олеснувањето на доењето, како и построги регулативи на индустријата со замена на млеко. / АФП/БГНЕС