Рускиот научник Леонид Ринк објави дека учествувал во правењето на нервниот агенс „новичок“ и додал дека труењето на шпионот не личи на „московска работа“.

Имено, поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, кои се отруени во Солзбери во Британија, како што вели Ринк, не умреа веднаш, да беше „руска работа“ тоа ќе се случеше.
Ринк, за РИА Новости вели дека Британците може да стојат зад нападот на Скрипал, пренесе Ројтерс. „Тешко е да се поверува дека Русите се вмешани, бидејќи се уште се живи. Таква неверојатна неспособност на (руските) шпиони едноставно би била смешна и неприфатлива“, вели тој.
Ринк потврди дека за време на Советскиот сојуз работел во воена установа каде е развиван нервниот гас „новичок“. Прашан дали и тој е еден од творците на агенсот, одроварадека е. „Да, тоа беше основа за мојата докторска дисертација“, вели Ринк.
Скрипал и неговата ќерка Јулија најдени се на 4 март во јужна Англија и се уште се во критична состојба. Ринк вели дека е апсурдно дека руските шпиони користат „новичок“ за обид за убиство на Скрипал, со оглед на очигледното руско потекло и назиот на тој агенс. „Постојат многу попогодни супстанци“, додава тој.
Ринк, како крајна бесмислица, ги отфрли тврдењата на британските медиуми дека Јулија Скрипал можела не знаејќи да го пренесе „новичок“ од Русија, велејќи дека тој нервен агенс не би можел да се одржи на толкав пат. Вели дека технологијата на производство на „новичок“ која некогаш беше тајна, сега е позната во многу земји, вклучително и Британија, САД и Кина.
„Меѓутоа, вели дека точната формула која е развиена во поранешниот Советски сојуз е единствена па врз основа на примероци од Солзбери, може да се одреди дека не е направен во Русија.
Ројтерс потсетува дека рускиот научник Вил Мирзјанов, кој на запад објави формула за производство на „новичок“ и кој сега живее во САД, изјави дека само руската влада можела да изведе напад на Скрипал. По тој повод, Ринк вели дека покрај Мирзјанов, околу пет научници знаат за таа технологија и им е позната, а во 90-тите ја напуштиле Русија.
„Дозволата тие да заминат од земјата тогаш предизвика изненадување на нашиот институт“, рече Ринк. За РИА вели и дека Русија апсолутно нема мотив да го убие Скрипал.
„Тоа е очигледно. Прво, господинот Скрипал потполно го обработија двете страни, односно тој на Русија и ги предаде сите англиски контакти, а на Британците се што знаеше за СССР. Тој за Москва не е интересен. Второ, за Русија ова е потполно неповолен момент. Неколку дена пред претседателските избори и недолго пред Светското првенство во фудбал“, рече Ринк.