Научници снимија морничави звуци: Што се случува под антарктичкиот мраз?

од desk2
163 прегледи

Научниците на антарктичкото дно забележаа морничави звуци, а потоа спроведоа истражување за да дознаат како тие настануваат.

Откако во 2014 година истражувачите поставија 34 сеизмички моитори во снегот, на врвот на најголемиот леден покривач Антарктик – Росовата плоча мраз, инструментите забележаа речиси константни звуци на „зуење“.

Плочата мраз, која може да се спореди со големина на Тексас, а која плута по Јужните океани, отвори нов простор за истражување и научниците се обидоа да објаснат зошто и како настануваат овие морничави звуци. Со оглед на тоа дека звукот не може да го слушне човечко уво, тие, овие ниски фреквенции ги прилагодија на она чуло кое може да ги регистрира.

Потоа во жирналот „Геофизички истражувачки писма“ објавија сознанија заедно со аудиофајл на кој може да слушнеме што се случуба на антарктичкото дно.

„Кога би можеле да ги чуеме овие вибрации, тие би биле слични на зуење на илјадници штурци коига ги прекриваат крошните и тревниците кон крајот на елтото„, вели Даглас Макајел, глациолог од Универзитетот во Чикаго.

Научниците кои ги проучуваат геолошките проблеми на леденото доба објаснија зошто настанува овој звук.

Антарктик се соочува со забрзано губење на масата, односно топење на мразот, кои делуваат како чепови кои го задржуваат најголемото скалдиште на мраз на светот од неограничено слевање во океанот.

Како што пишува “Mashable”, првобитната цел на истражувањето се однесувала на следењето на промените на Росовата плоча мраз под притисок на релативно топлиот воздух над површината и морската вода која го исцрпува мразот одоздола, за да најави историски пораст на нивото на морето.

Се смета дека вибрациите настануваат поради силните ветрови кои дуваат преку дините на врвот на Росовата плоча и дека тие влијаат на вибрациите на мразот.