Научниците дигаат тревога! Чернобил катастрофата може наскоро да се повтори !

од Vladimir Zorba
67 прегледи

Слични катастрофи можат да се случуваат почесто од 1-2 пати на 100 години, сметаат стручњаците

tsernobil
Катастрофа, слична на онаа во Чернобил нуклеарна централа, може да се повтори многу наскоро. За ова алармира во свој материјал, списанието Risk Analysis, група научници од Сасекс и Цирих.
Тие ги анализирале повеќе од 200 нуклеарни несреќи и дале оценка на ризиците на атомската енергија.

Тие се загрижени и заклучокот  гласи дека покрај намалувањето на  бројот на  несреќи, расте бројот на умерените и големи настани.Според нив катастрофите  со скала на Фукушима и Чернобил  и можат да се случат почесто од 1-2 пати на 100 години, а катастрофите од помал размер, како овој во САД АЕЦ “Три милји Ајленд”, можат да произлезат на секој 10-20 години, соопштува ftimes.ru.

Научниците ги проучувале извештаи, научни трудови, печатот, официјални документи и пораките во весниците. Тиеги   оцениле штетите од секоја несреќа, земајќи предвид фактори како губење на имотот, казни, премии за осигурување и обновување на животната средина.

Специјалистите велат дека стандардната методологија користена од Меѓународната агенција за атомска енергија за прогнозирање на несреќи и инциденти, е крајно недоволна.

Според нив треба да се подобрат технолгиите користени при создавањето на самите нуклеарни реактори.
Еве ги ТОП 15 на најстрашните  и најскапи  нуклеарни настани:
Чернобил, СССР, 1986 година – 259 милијарди долари Фукушима, Јапонија, 2011 година – 166 милијарди доалара
Цуруга, Јапонија, 1995 година – 15,5 милијарди долари,  ТМИ, Пенсилванија, САД, 1979 година -11 милијарди долари Белорск, СССР, 1977 година – 3,5 милијарди долари Селафијлд, Велика Британија, 1969 година – 2 , 5 милијарди долари Атина, Алабама, САД, 1985 година – 2,1 милијарди долари  Бохунице, Чехословачка, 1977 – 2 милијарди долари ,Селафијлд, Велика Британија, 1968 година – 1,9 милијарди долари , Селафијлд, Велика Британија, 1971 г – 1,3 милијарди. долари , Плимут, Масачусетс, САД, 1986 година – 1,2 милијарди долари, Chapelcross, Велика Британија, 1967 – 1,1 милијарди долари Чернобил, СССР, 1982 година – 1,1 милијарди долари Пикеринг, Канада, 1983 година – 1 милијарда долари Селафијлд, Велика Британија, 1973 година – 1 милијарда. долари.