Научниците ја решија мистеријата на обоените појаси на Јупитер

од desk2
102 прегледи

Тајната на обоените прстени на Јупитер е решена во студијата за меѓуделување меѓу атмосферата и магнетните полиња, објавија австралиските научници.

Јупитер, најголемата планета во Сончевиот систем, е гасовите и во поголем дел составена од водорот и хелиум, па нема цврста површина како Земјата.

Слично на Земјините воздушни струења, кои се клучни за времето и климата, неколку силни воздушни струи се движат од запад кон исток на Јупитеровата атмосфера и попат носат облаци амонијак кои формираат обоени појаси во нијанси на бела, црвена, портокалова, кафеава и жолта боја.

До неодамна беше малку познато што се случува под Јупитеровите облаци.

„Научниците долго расправаа колку длабоко воздушните зтруи досегнуваат под површината на атмосферата на Јупитер и други гасовити џинови и зошто не се појавуваат во внатрешноста на СОнцето“, рече шефот на истражувањето на австралискиот универзитет Навид Константину.

Новите докази од сондата на НАСА, „Џуно“ покажуваат дека тие струи досегнуваат длабочина и до 3.000 километри, наведуваат научниците.

Џефри Паркер, соработник на студијата, вели дека нивната теорија покажува дека струите ги притиска силно магнетно поле.

„Гасот во внатрешноста на Јупитер е магнетизиран, па затоа сметаме дека нашата нова теорија објаснува зошто струите одат толку длабоко под површината на атмосферата на гасовитиот џин, но не и подлабоко“, вели тој.

„Нема контитнент или планина под атмосферата на Јупитер кои би го спречиле патот на воздушните струи“, додава тој.