Научниците категорични: Црвеното вино не се пие на собна температура! 

од Марта Пешевска
100 прегледи

Ако досега пиете црвено вино на собна температура, знајте дека тоа не е добро. Научниците од Академијата за вино во Сиднеј објаснија дека ова е сосема погрешна пракса, пишува Метро.

Според експертите, црвениот еликсир треба да се користи на температура помеѓу 12 и 18 Целзиусови степени.

Според Тејлор Уајнс, ако овој пијалок се сервира топол (т.е. при собна температура) во неа почнува да доминира алкохолот кој ги замаглува карактеристиките на виното.

Но, има и друга опасност – ако шишето со црвено биде премногу топло, тогаш речиси целосно се губи мирисот. При сето тоа, истакнуваат австралиските експерти, различните сорти вина треба да се нудат различно изладени.

За Каберне Совињон и Шираз е препорачливо да се сервира на температура 16-18 степени. За полесни марки како што е пино ноар, се препорачува оладено на 12-14 степени.

А белите вина како Совињон Бланк и Пино гри, според експертите е најдобро да ги консумираме на температура 6-8 степени.