
Газирана минерална вода не е безбедна за нашата половината и нè тера да се дебелееме бидејќи во меурчињата има јаглероддиоксид, кој го изострува апетитот, пишува “Дејли мејл”.
Многумина сметаат досега дека со куп салата се консумира чаша газирана вода и тоа е врв на здравата исхрана и ќе се почувствувате сити, без да изедет многу калории. Но, се покажа дека газираните меурчиња се подмолн за накаќување на килограмите, бидејќи тие го стимулираат хормонот на глад.
До овој заклучок дошле научниците од Бирзејтскиот универзитет. Тие спровеле обиди со 16 глувци со подеднакво тежина, кои биле поделени во 4 групи. На првите две групи им давале негазирана вода и засладен пијалок на другите две – газирана вода со шеќер и газирана вода со вештачки засладувач. Сите глувци имале неограничен пристап до храна.