Научниците одушевени: Откриле две планети на кои е можен живот

од desk2
65 прегледи

Две егзопланети кои кружат околу оддалечената ѕвезда Трапист -1 со својата сличност со Земјата ги одушевија астрономите. Двете планети на површината имааат огромни мориња и езера.

Оддалечената џуџеста ѕвезда овие денови е во центарот на вниманието на бројни научници.

Планетите се сместени во „населив“ појас.

Тоа значи дека станува збор за светови кои имаат вода и извори на топлина – две компоненти пресудни за живот.

По нивното откритие минатата недела, седум планети и нивната ѕвезда ги одушевија астрономите кои со години бараат светоси слични на Земјата.

Никогаш пред тоа научниците не пронашле толкав број планети со големина на Земјата кои кружат околу иста ѕвезда или во зона каде екстремните температури од вселената не го уништуваат целиот живот.

Ова откритие сугерира дека на Млечниот пат постојат бројни каменити планети како Земјата.

Според последниот извештај, четири од седум егзопланети со големина на Земјата веројатно содржат големи количини вода.