Благодарение на научниците од Универзитетот во Питсбург, сега се знае дека бојата на очите го покажува прагот на болка кој некоја личноста може да го истрпи, како и кој за кои спортови е талентиран.

Според нивната студија, синооките и зеленооките припаднички на понежниот пол помлаку болка чувствуваат за време на породувањето во однос на оние со црни или кафеави ои.
Интересно е дека на синооките луѓе потребно им е повеќе алкохол за да се напијат, во споредба со темнооките.
Зошто е тоа така? Научниците одговорот го пронашле во гените. Прво, постојат 12 различни генски комбинации кои даваат одредена боја на очите. Но, освен бојата на очите, тие гени се одговорни из а некои други дејства во организмот.Па така, меланинот кој влијае нечии очи да бидат потемни, истовремено ја забрзува функцијата на мозокот, па темнооката личност ќе биде поосетлива на алкохол.
ДОкажаа дека луѓето со темни очи, поради карактеристичните комбинации на гените, постигнуваат подобри резултати во спортови како безбол. додека синооките се подобри во активности каде е неопходно планирање, како играње голф.