Научниците од Универзитетот Квин Мери во Лондон открија ефикасен метод за ослободување на хроничен замор, соопшти Лента. Излезе дека за справување со синдромот на хроничен замор помагаат контролираните физички вежби со умерен интензитет.

До овие заклучоци научниците дошле откако 12 недели следеле здравствената состојба на 200 лица, кои не само земале лекови против депресија и несоница, но и вршеле физички вежби. Било утврдено дека се подобри здравствената состојба на околу 40 учесници во споредба со она во контролната група која вклучувала 100 лица.

Покрај голем замор, синдромот на хроничен замор може да предизвика мускулни болки во зглобовите, воспаленија на грлото, болки на лимфните јазли, главоболка, проблеми со учење и сон.

 

Слични содржини